11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кога во Крушево? Проверете што ве очекува од 8 до 10 февруари!

Крушево продолжува да го живее својот зимски туристички сон. На повидок е уште еден адреналински фестивал кој уште со најавата пред 1 месец предизвика голем интерес кај вљубениците на зимските забави,рекреација и спортови. Двете летни изданија на outdoor фестивалот When in Krusevo, беа доволен показател организаторите оваа зима, во Крушево, да приредат нови авантури и тоа во рамките на Зимскиот фестивал насловен како „ Кога во Крушево – Зимата е тука!“ (When in Krusevo – Winter is Here!).
Веќе од петок 8-ми февруари, па до 10-ти февруари, Крушево ќе биде центар на бројни предизвици за рекреативците, планинарите, авантуристите, но и сите оние кои сакаат да уживаат во чиста природа, адреналин, добра забава.
„ Кога во Крушево – Зимата е тука!“ фестивалот е изобилство на можности со вклучување во рекреативна или планинарска тура, зимски тандем параглајдинг, часови за скијање. Но, ништо без организирани вечерни забави и дневни дегустации.
Ова е целосната програма на фестивалот:

ПЕТОК:
12:00 – 20:00 – Пристигнување на учесниците и подигнување на учесничкиот пакет, во Параглајдинг Инфо Центарот во Крушево,
21:30 – Забава во Кичен Бар – Сноу со DJ (ќе објавиме подоцна кој), бесплатен влез, како и резервација на маса за секој учесник.

САБОТА:
09:30 – 10:00 – Собирно место – Гумење (пред Спомен Куќа на Тоше Проески)
10:00 Трнување на рекреативна планинарска тура (околу 5 км), попатни паузи за чај во Adventure park Корија и ски центар Станич.
14:00 Собирно место Жичара, и спуштање кон градот
14:30-18:00 Денска забава со DJ Бапчу, дегустација на оригинални StreetFood рецепти со домашни крушевски колбаси, веге опција со печурки, варено вино (за секој учесник). Локација – тераса Олд Скул Кафе.
21:30 Забава со The Hounds во Олд Скул Кафе Крушево, бесплатен влез, како и резервација на маса за секој учесник.

НЕДЕЛА:
10:30 – 11:00 – Собирно место, парк Крушево (пред црква Св. Никола)
11:00 Прошетка низ крушевските сокаци со попатна пауза за чај во
ресторанот на Панорама Спа Крушево.
10:00-14:00 Зимски тандем параглајдинг , 1500 ден за секој учесник на фестивалот, обезбеден превоз од град до старт и назад.

Цената на фестивалскиот билет е 500 денари, со кој учесниците добиваат уникатна маичка од фестивалот, со оригинална илустрација на добро познатиот македонски артист Тхе Мичо, алуминиумско шишенце и подароци од останатите спонзори.
Со приложување на билетот, учесниците добиваат одличен попуст за сместување во вилите и хотелите, објавени на официјалната веб страна на фестивалот:  www.winter.wheninkrusevo.mk
Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets (www.mktickets.mk) и платформата за outdoor активности When in X (www.wheninx.com).
Крушево и другарите од Outdoor Manifest ве очекуваат!

 

Би можело да ве интересира

Николоски најави целосно автопатско поврзување на главниот град со Пелагонија – oд Скопје до Прилеп за час и 10 минути

Пела Редакција

Општина Прилеп доделува еднократна помош за секое семејство за новородено дете

Гордана Цветаноска

Отворен ден на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе