11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Потрети од коса, вистинска уметност!

Aца Лукас -пејач

Верувале или не една млада фризерка, истрижената коса од клиентите, ја претвора во вистинска уметност. Портретите се на познати ликови  од шоу бизнисот, актуелни “фаци“ и спортисти. И, сето тоа изработено само од коса. Светлана Зуламоска Гроздановска е одличен стилист, фризер, но нејзината креативност не се само фризурите. Нејзината уметничка душа и желба за  креативност и изразување на поинаков начин, создава невобичаена уметност. Не на платно,ниту на дрво, ниту на камен или мермер, таа своите портрети ги креира од коса, на подот, во нејзинот фризерски салон „АХЕ“ во Кривогаштани.

 

 

 

Не и е потребена ниту скица, ниту фломастер, само  инспирација и фотографија од ликот кој сака да го наслика со коста која ја собра од своите клиенти. На нејзиниот под се нашол ликот изработен од коса од Аца Лукас, Светлана Цеца Ражнатович, од данскиот ракометар репрезентативец Хансен Линдберг, српскиот тенисер Новак Џокович,

нашиот ракометен репрезентативец, Кире Лазаров, но и портрет од коса на контраверзната пејачка Јелена Карлеуша, на Мајкл Џексон итн..  (Нам не пречка Светле, со нашето лого – Радио Пела, на подот од фризерскиот салон. Се изнасмеавме, хахаха:,се израдувавме, бевме пријатно изненадении и фацинирани. И, Благодарам од се срце за подарокот!“)

 

НО,ДА ЈА ПОЧНЕМЕ ПРИКАЗНАТА,КАКО СЕТО ОВА ПОЧНА?!

Јелeна Карлeуша-портрет од коса

 

 

 

 

 

„Фризерскиот салон го имаме со мојата сестра Весна, кој случајно го отворивме и веќе работиме 27 години, тука, во Кривогаштани. Јас од мала сакав да стрижам и да ги разубавувам луѓето. Завршив факултет, но определбата повторно беше кон стилизмот и разубавување на луѓето.

Покрај фризурите, почнавме и да шминкаме,но шминките јас ги користам за  цртање очи и усни, на рака. Сакам да изгледаат како да се живи, како да те гледаат, и тоа денеска го правам, мислам, добро. Трошам многу шминка, но ова ми е пасија, иако сестра ми постојано ме кара што трошам толку шминка“ – низ смеење ни раскажува Светлана, покажувајќи ни ги своите уметнички креации , насликани на нејзината рака !

 

Неверојатна, невообичаена изработека од косата.Ументички израз!

Новак Џокович-портрет од коса
Новак Џокович-портрет од коса

„Пред 10 години, прегледувајќи на интернет, видов како идеја и започнав и јас од забава, вака-онака, да редам коса. Прамените од коса почнав да ги чувам и да ги комбинирам на под. Најпрвин направив едн лик. Денеска тоа го правам поумешно.Најпрвин тргнувам од очи, па веѓи , нос,чело, уста, каде трошам еден цел кармин на подот за таа да изгледа оргинално и убаво. А, кога за прв пат направив

Кире Лазаров

портрет, беше  нешто прекрасно. Беше аматерски, ама портретот од коса го објавив на интернет и добив многу пофалници и лајкови. И, кога ќе добиваш поддршка од пошироката јавност за нешто што си изработил, тоа Ви дава поттик  и ентиузијазам за да продолжип   понатаму.

Така и јас направив! Ликовите од познати лица од шоу бизнисот или спротот почнав да ги изработувам од неодмна. Сакам да бидат вистински, да изгледаат како да се нацртани, како да се живи. Научив да ја мерам демензијата на ликот, да не испадне тоа што ќе го направам карикатура на подот. Гледам да го доловам ликот и да биде оригинален,како што го гледам на слика,која ја земам интернет или профил.

Портретите, вели Светлана, ги работи после работнот време, кога фризерскиот салон е затворен, бидејќи важна е концентрацијата и ликот да се долови, со сите негови елементи, брчки, очи, нос,израз на уста,специфичен поглед… И, требаат најмалки три часа за изработка на еден портрет,„а букви и лога може и побрзо“- вели таа.

Хансен Линдберг-дански ракометар

Најчесто сака да изработува карактеристични ликови, ликови со сецифични црти на лицето и со долги коси ,бидејќи долгите коси доаѓаат до поголем израз на подот. Не жали за слободното време поминато во фризерскиот салон по работното брем, бидејќи ова за неа не е изгубено време, туку уживање, голема љубов, пасија и задоволство, преку кое може да го изрази својт уметниќки дух и својата креативност, како стилист и уметник .„Сакам да се изразам поинаку, да се искажам поинаку. Секој фризер е уметник, на свој начин, но јас барам повеќе од уметност.Тоа го ноѓам во изработка на портретите и сликањето очи и усни на рака. Овие портрети се мојот уметнички израз. Ова мене ме исполнува. Ме прави целовита!Уживам во овој начин на самоизразување„ – вели Светле, која не плени со нејзината насмевка,при раскажувањето на својата приказна, со ведар дух и искреност, дар кои можеби го имаат само уметниците!

 

Што на Светле и напишала Карлеуша по објавениот портрет?!

Цеца Рашнатовиќ-пејачка

Нејзините портрети не остануваат незаблежани. На инстаграм и facebook, ја следат илијадници, а таа направените портрети на под ги фотографира и им ги испрајќа на познатие.

Мајкл Џексон- пејач

Дел од нив и се заблагоаруваат кога таа ќе го објави портретот од коса , некои се во неверување дека нивнито лик е изработен од истрижена човечка коса, некои се сомневаат дека тоа не е предходно нацртано, па таа мора со фен (нејзиното фризерски алат) да потврди дека тоа е портрет од коса, кој го снемува кога фенот ќе се уклучи и ќе почне и да го издувај пртретот,како и да не постоел, да ја издувува косата од подот. Кога Карлеуша го видел својот портрет од коса, во нејзин стил одговорила: „Ти ме зезаш?!„-

 

„Во коси да ти спијам“-Тоше Проески

Фризерките Светлана Весна и Даниела од фризерскиот салон АХС од  Кривогаштани ги оставивме да ја продолжат нивната секојдневна  работа. Во салонот се слушаше Радио Пела, на кое свиреше песната на Тоше „Во коси да ти спијам“ , како потсетување на она што овие дами го работат. А, косата од следниот муштерија веќе се најде во фиоката на Светле, да се чува за идниот портрет, кој наскоро ќе го има на нејзинот инстаграм. Браво девојки! Ви посакуваме уметноста да Ви се валоризира!

Би можело да ве интересира

– Ајде да зборуваме за … психологија! –

Гордана Цветаноска

Витаминка повторно донира – Месец на хуманост со блогерот Бранко

Гордана Цветаноска

СЕЌАВАЊЕ: На денешен ден почина прилепскиот актер Дарко Дамески великанот на македонското глумиште

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе