5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп дел од кампањата „Шестнaесет дена активизам против насилството врз жени и девојчиња“

На градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ денеска беше поставен штанд каде волонтери, активисти, претставници на локалната самоуправа и членови на Советот на Општина Прилеп делеа промотивен материјал и разговаа со граѓаните за борбата за стопирање на семејното насилство. Ова се дел од активностите што Општина Прилеп ги презеде во рамките на кампањата „Шестнaесет дена активизам против насилството врз жени и девојчиња“, а која се спроведува во цела Македонија. На таков начин целта е да се подигне свеста кај граѓаните со порака дека прилепската локална самоуправа ќе има нулта толеранција за секаков вид насилство врз жени и девојчиња.

Семејното насилство во Прилеп е во пораст со околу 300 пријави годишно кои полицијата ги доставува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, вели директорот, Живко Силјаноски.
„ Статистиката е сериозно поразителна, бидејќи секој ден примаме по 10- тина нови пријави претежно од МВР за притисоци, навреди, дискриминациии и сè она што во крајна линија значи насилство, не само врз жените и девојките“, истакна директорот Силјаноски.
Порастот во евиденцијата на насилството врз жените и девојките се должи и на фактот што според законот соседите можат да пријават случаи, како и и одредени невладини организациии, граѓански здруженија.
Од Комисијата за родова едваквост што функционира во рамките на Советот на Општина Прилеп, потенцираат дека правата на жените- жртви на семејно насилство, се основни права кои секоја заедница треба да ги интегрира во своето општество. За таа цел треба да се вклучат сите надлежни институции и организации со меѓусебна соработка и координација. Прилеп сèуште нема згрижувачки – шелтер центар за жртвите од семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп, новогодишна журка со најубави желби за сите граѓани

Гордана Цветаноска

Руската амбасада и Општина Прилеп го одбележаа Денот на сеќавањето

Гордана Цветаноска

Трескавец посетен од Министерот за култура

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе