11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (31)

Пишува Зоран Момироски

  • „ЛОНГЕТА“ КОАЛИЦИЈА МЕЃУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРТОПЕД  ДОКТОР БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРТОПЕД ДОКТОР ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – СЕРИОЗНО МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ВМРО-ДПМНЕ, НА СДСМ И НА ПРИЛЕП!!! КАКО ШТО ПИШУВА ДЕНОВИВЕ ЕДЕН ПОЗНАТ ПОРТАЛ ОВАА КОАЛИЦИЈА ЦЕЛИ ДА ПРЕМИНЕ ВО ,,ГИПС КОАЛИЦИЈА“ И СЕРИОЗНО ДА ГО ГИПСИРА И ДА ГО ИЗОЛИРА ПОЛИТИЧКИ, ЕКОНОМСКИ И ИНВЕСТИЦИОНО ГРАДОТ. СКАНДАЛОЗНИ ТЕНДЕРСКИ ЗДЕЛКИ САМО ГО ПОТВРДУВАЛЕ ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ОВАА КОАЛИЦИЈА ВО КОЈА ЧЛЕНУВААТ ПУЛЕНИЦИ И ИМЕНУВАНИ ДИРЕКТОРЧИЊА И РАКОВОДИТЕЛЧИЊА, КАКО ОД БОКИ, ТАКА И ОД  МУЦЕТО. ЗА ОВАА ,,ФИЛМСКА СЕРИЈА“ СО ОРТОПЕДСКО СЦЕНАРИО ВО НАШИТЕ КОЛУМНИ СМЕ ПИШУВАЛЕ МНОГУ ПАТИ. НО, ДОСЕГА ВО ПАРТИСКИТЕ КРУГОВИ НИТУ НЕШТО СЕ ПРЕВЗЕЛО НИТУ  НЕКОЈ СЕ ОГРАДИЛ ОД ПРОФИЛИТЕ КАКО МУЦЕТО. ПОРАДИ ВАКВИОТ ОДНОС НА ПАРТИСКИТЕ БРЕНДОВИ НА КОИ СДСМ ИМ Е ФИРМА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ЕГЗИСТИРАЊЕ, А  НИТУ НЕКОЈ ЌЕ ГИ ПОЗНАВАШЕ, НИТУ ЌЕ ГИ ШАЈКАЛЕЛ АКО НЕ ИМ БЕШЕ СДСМ, СЕ СОЗДАДЕ АТМОСФЕРА НА НЕЗАДОВОЛСТВО. НЕЗАДОВОЛСТВО СО ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ РЕЗУЛТАТ 7 500 ГЛАСА ПОМАЛКУ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО КОРИСТ НА ВМРО-ДПМНЕ. ЗА ОВА, ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО, МИЛЕ ТАЛЕСКИ И ЕКИПАТА  ,,МУВА НЕ ГИ ЛАЗИ“!!! СЕГА, СПОРЕД НАШИ ИНФОРМЦИИ, НЕ Е НИШТО ПОДОБРА СИТУАЦИЈАТА И ВО ВМРО-ДПМНЕ. ДЕЛБИТЕ И ПОДЕЛБИТЕ, НЕЗАДОВОЛСТВОТО, ОД ОРТОПЕДОТ БОРЧЕ И ОД АРХИВИСТОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ, РАСТЕ. ДУРИ ИМАЛО ОБИДИ ЗА ПЕТИЦИИ ПОРАДИ НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ДЕКИО И КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ И КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ, НО И КАКО ,,ВЕРЕН“ ПОСЛУШНИК НА БОКИО. ПА ЗАТОА, НАВОДНО ДОЗВОЛУВА  ДА БИДАТ ПРЕРАСПРЕДЕЛУВАНИ ОПШТИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ПОДДРЖУВАЧИ И ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ НА МЕСТА И ЛОКАЦИИ КОИ ПРЕРАСПРЕДЕЛЕНИТЕ ГИ НАРЕКУВААТ „ОПШТИНСКИ ПРИТВОРСКИ ОДДЕЛЕНИЈА“. БЛИЗОК ЧОВЕК НА МУЦЕТО, ОВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ИМАЛЕ РЕШЕНО ДА БИДЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА ВО ПОЖАРНА. И, БОРЧЕ ПОСТАПИЛ ПО ПАРТИСКАТА ОДЛУКА. НО, ШТОМ ОПШТИНСКИОТ ЧИНОВНИК ГО ДОБИЛ РЕШЕНИЕТО МУ СЕ ПОЖАЛИЛ НА НЕГОВИОТ СТАР ШЕФ. ИЛЕ „МУЦЕТО“ КАКО МЕНТОР ВЕДНАШ ИНТЕРВЕНИРАЛ КАЈ  БОРЧЕ ,,ИКЕБАНАТА“. ОВОЈ НОРМАЛНО МУ СЕ ИЗВИНИЛ ЗА ,,ГРЕШКАТА“. ПА НАМЕСТО ЧОВЕКОТ ОД СДСМ, КАКО  НЕИСТОМИСЛЕНИК НА БОКИО, ЧЕСЕН РАБОТНИК ЧЛЕН НА ВМРО-ДПМНЕ БИЛ ПРАТЕН ВО ПОЖАРНА. ОВА НЕ СЕ ПРИКАЗНИ!!! ОВА  СЕ САМО ПРИМЕРИ КОИ ЈА ОТСЛИКУВААТ РЕАЛНАТА СОСТОЈБА ВО ГРАДОТ. КАКО СЕ РЕШАВААТ ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ И КАКО СЕ ФУНКЦИОНИРА ВО ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ  ПАРТИИ, А ВО КОИ, ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ ВЕРУВАА ДЕКА ГРАДОТ ЌЕ ТРГНЕ НА ПОДОБРО. ПОРАДИ ТОА МУ ПОРАЧУВАМ НА МАЖИЊАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ ЛЕТНАТИ ВО ОБЛАЦИ И НА ОВИЕ МАЖЕНЦАВА ОД СДСМ ПОДУЕНИ ОД АРОГАНЦИЈА, ВНИМАВАЈТЕ – АКО СЕГАШНАВА ,,ЛОНГЕТА КОАЛИЦИЈА“ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ,,ГИПС КОАЛИЦИЈА“ ЗА БРЗО НИТУ ЌЕ ЛЕТАТЕ ВО ОБЛАЦИ, НИТУ ЌЕ БИДЕТЕ ПОДУЕНИ КАКО БАБУЛИЊА. СКАНДАЛИТЕ ШТО ВИ ВИСАТ ОКОЛУ ВРАТОТ ЗА СДСМ ВО ПРИЛЕПСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ,,БОРКА ТАЛЕСКИ“, А ЗА ВМРО-ДПМНЕ ВО СОУ ,,ОРДЕ ЧОПЕЛА“ НЕМА ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ. А НЕКА НЕ ГИ ЛАЖЕ УМОТ  И МНОГУ РАБОТИ НЕМА ДА МУ БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ И НА ТАЈФИТЕ И НА ШЕФОВИТЕ,  БОКИО И МУЦЕТО.

 

  • ТОКМУ ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ НА ДЕБАТА ЗА ДОИЗГРАДБА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ,,ТОЧИЛА“ ОРГАНИЗИРАНА ОД НЕВЛАДИНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ,,МУЛТИ МЕДИА ПРЕС“ БЕШЕ КОНСТАТИРАНО ДЕКА Е ДОЈДЕНО ВРЕМЕ НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ОФАНЗИВНО ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКАТА КРИТИЧНА МИСЛА. ВРЕМЕ Е ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ТЕСНО ПАРТИСКИТЕ СТЕГИ, ОД СТРАВОТ – ЈАСНО, ГЛАСНО И ОТВОРЕНО ДА СЕ БАРА  ОДГОВОРНОСТ ЗА ОНА ШТО СЕ ВЕТУВА, А ШТО СЕ ИСПОЛНУВА ОД ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА. ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ ДЕТСКА ГРАДИНКА ,,ТОЧИЛА“ ТОКМУ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ НА 2 АПРИЛ 2021 ГОДИНА ВЕТУВАШЕ ДЕКА ГРАДИНКАТА ЌЕ БИДЕ ИЗГРАДЕНА И ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА ЗА 7 МЕСЕЦИ. АМА ТОА НЕ СЕ РЕАЛИЗИРА. НЕГОВИОТ НАСЛЕДНИК СЕГАШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ВЕТИ ДЕКА ТОА ШТО НЕ ГО ЗАВРШИЛ НЕГОВИОТ МЕНТОР, ТОЈ ЕКСПРЕСНО ЌЕ ГО ЗАВРШИ ОБЈЕКТОТ. АМА ПОТОА ИЗЛЕЗЕ ДЕКА ОБЈЕКТОТ И ЦЕЛИНАТА ИМА МНОГУ ПРОПУСТИ КАКО ВО ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ, ПРОЕКТОТ И ИЗВЕДБАТА. ПА НАМЕСТО ДО КРАЈОТ НА 2022 ГОДИНА, СЕГА СЕ ВЕТУВА СЕПТЕМВРИ ИЛИ КРАЈОТ НА 2023 ГОДИНА.ПО ОВА ПРАШАЊЕ НЕВЛАДИНИТЕ ИМААТ МЕК СТАВ И УШТЕ ПОМЕКА РЕАКЦИЈА. НАПРОТИВ, СТАВОТ И ПОТРЕБАТА Е ДА СЕ ИМА ТВРДА И ПРЕЦИЗНА РЕАКЦИЈА. МАРИНА ТОШЕСКА ЧЛЕН НА СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНАТА СМЕТА ДЕКА СО ВАКВИ ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА СЕ КРШИ УСТАВОТ И ПОВЕЛБАТА НА ОН ЗА ДЕТСКИТЕ ПРАВА. 300 ДЕЦА КОИ ТАМУ ТРЕБА ДА СЕ ЗГРИЖАТ СЕ ДИСКРИМИНИРАНИ. ШТО ПОДРАЗБИРА АКО НЕ САКА БОРЧЕ ДА МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА НА МУЦЕТО, ТОГАШ ПРОТИВ БОРЧЕ И МУЦЕТО ГРАЃАНИТЕ ПРЕКУ НЕВЛАДИНИОТ ГРАЃАНСКИ СЕКТОР  МОЖАТ ДА ПОДНЕСАТ КРИВИЧНА, КОЈА ВЕДНАШ ЌЕ БИДЕ ПРОЦЕСУИРАНА. ЗА ШТЕТИТЕ КОИ ГИ ТРПАТ ДЕЦАТА ОСОБЕНО ВО ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС НАСТАВНИКОТ ГОЦЕ БУМБАРОСКИ ОД СОВЕТОТ НА МЛАДИ ПРИ ЛС Е СО ЈАСЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН СТАВ: СЕ ПРАВИ ДИСКРИМИНАЦИЈА И ПОДЕЛЕНОСТ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС. ДЕТЕ ВОСПИТУВАНО И ЗГРИЖЕНО ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА ПОБРЗО СЕ ВКЛОПУВА И ЈА СОВЛАДУВА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА, ОД ДЕТЕ ГЛЕДАНО ОД БАБИ И ДЕДОВЦИ САМО ПОРАДИ ТОА ШТО СЕГАШНИОТ КАПАЦИТЕТ  НА ГРАДИНКИТЕ Е НЕДОВОЛЕН ЗА ПРИЛЕП. СО ВНИМАНИЕ ЈА СЛЕДАМ РАСПРАВАТА И САМ ВО СЕБЕ СИ ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕ: ЗА ШТО СЕ ДЕБАТИРА ВО ОВОЈ НАШ ГРАД ВО 2023 ГОДИНА?!

 

  • ЗИМАТА ПОМИНА, ЦАКИО ИЗЛЕЗЕ ОД ГЛУВЧИНАТА ДУПКА. НА ФБ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ – ПРИЛЕП НАПИША: СДСМ ГО ОСТВАРУВА ВЕТЕНОТО. НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 20.175 ДЕНАРИ. НЕКА ИМ Е АИРЛИЈА НА СИТЕ РАБОТНИЦИ. ПОЧНУВАЈЌИ ОД АПРИЛ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ ПОВИСОКА ЗА 2 175 ДЕНАРИ. ОДНОСНО ОД 18.000 ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОКАЧИ НА 20.175 ДЕНАРИ. НА ОВАА ОБЈАВА НАЈМНОГУ  ПОЗИТИВНИ СТАВОВИ И МИСЛЕЊА ОД ЧЛЕНОВИ И ПОДРЖУВАЧИ НА СДСМ. САМО НЕЗНАМ ДАЛИ БЕА СЕРИОЗНИ ИЛИ ВО НИВ ПРЕОВЛАДУВАШЕ ПРИЛЕПСКИОТ МАЈТАП. ВО ЕДЕН ОД НИВ СТОИ: БРАВО ПРЕТСЕДАТЕЛЕ МАКЕДОНИЈА  ВО СРЦЕТО. САКА ДА МУ КАЖЕ И ЈАС И ТИ И СИТЕ ОД ТВОЈАТА ДРУЖИНА МАКЕДОНИЈА ЈА НОСИМЕ ВО СРЦЕТО. НАША ЗАЕДНИЧКА СРЕЌА Е ШТО НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО НИКАРАГВА ИЛИ ГАНА. ПА ГИ ОБЈАВИЛ ОФИЦИЈАЛНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ПРЕТВОРЕНИ ВО ДЕНАРИ: ВО КАМЕРУН 18.683 ДЕНАРИ, ВО УЗБЕКИСТАН 18.812 ДЕНАРИ, ВО НИКАРАГВА 19.890 ДЕНАРИ, А ВО ГАНА 20.230 ДЕНАРИ.

 

  • 2 МИЛИОНИ И 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ДОЛЖИ ОПШТИНА ПРИЛЕП ЗАКЛУЧНО СО КРАЈОТ НА МИНАТАТА ГОДИНА КОНСТАТИРАА НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА СОВЕТНИЦИТЕ. ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОВА ТИ БИЛО ЕПТЕН ГОЛЕМО И ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ И ШТЕДЕЊЕ. ОД ТОЛКУ ГОЛЕМА ПРЕЗАФАТЕНОСТ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ СЕУШТЕ ТИ НЕМАЛЕ ПОДГОТВЕНО НОВ ПРАВИЛНИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА. УПАТЕНИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ИМА ПРАВИЛНИК. АМА БОКИО СПРОТИВНО НА ЗАЛОЖБИТЕ ОД ДЕКИО САКАЛ НОВ ПРАВИЛИК. ПА ПОРАДИ ТОА НЕМАЛО ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЕЊЕ НА НА 65.000  ЕВРА ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ ВО ПРИЛЕП И 30.000 ЕВРА ЗА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА. ВО ПОСЛЕДНИВЕ НАД 10 ГОДИНИ СЕКОГАШ ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ БИЛЕ ОБЈАВУВАНИ КОН КРАЈОТ НА ИЗМИНАТА ГОДИНА ИЛИ НАЈДОЦНА  ВО ЈАНУАРИ ОД ТЕКОВНАТА ГОДИНА БИДЕЈЌИ КРАЈОТ НА АПРИЛ И ПОЧЕТОКОТ НА МАЈ ЗАВРШУВА ПРОЛЕТНАТА СЕЗОНА ЗА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ. ОВА НА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ И НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈАТА ГРАЃАНИТЕ МУ ДОАЃА КАКО ОНАА НАРОДНАТА:,,ПОСТОЈ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА“!!!

 

  • КОГА СМЕ КОНКРЕТНО КАЈ ЛОКАЛНАВА ВЛАСТ САКАМ ЈАВНО ДА ПРАШАМ: ДАЛИ НЕКОЈ ОД НАДЛЕЖНИВЕ ИМА ДА МУ КАЖЕ НА ГРАЃАНИТЕ ИСТОВРЕМЕНО И НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ВО ГРАДОТ ЗОШТО ПОСТОИ ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЕНЕРГО ПРИЛЕП? ОВА Е ФИРМА ЧОВЕК БЕЗ ПРОГРАМА И СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ И РАБОТА. ОВА ЈП ИМА 7 ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И 5 ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР. А ОПШТИНАТА ЗА ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ ГОДИШНО ТРОШИ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА. ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ОВА Е ИЗМИСЛИЦА ОД ВРЕМЕТО НА МЕНТОРОТ ОД БОКИО ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ. ОД КАКО БЕА ОДЗЕМЕНИ ИНГЕРЕНЦИИТЕ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА ГАСИФИКАЦИЈА И СО ОДЛУКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНА СТРУЈА ОВА ЈП НИТУ ИМА, НИТУ МОЖЕ ДА ОБАВУВА НЕКАКВА ФУНКЦИЈА. ОСВЕН ДА ЗГРИЖИ ЧОВЕК ДИРЕКТОР ВО ЧОВЕК ФИРМА НА БЛИЗОК ЛОКАЛЕН ФУНКЦИОНЕР.

 

  • ДЕНОВИВЕ СКОРО СИТЕ  ПОРТАЛИ  ОБЈАВИЈА ДЕКА СВР БИТОЛА ПОДНЕЛА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ШЕСТМИНА ПРИЛЕПЧАНИ И ЕДЕН ОД КАВАДАРЦИ  ОСОМНИЧЕНИ ЗА СТОРЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО „ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА ДОБРА ПОД ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА ИЛИ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ИЛИ ПРИРОДНИ РЕТКОСТИ“. ФРАЕРЧИНАВА СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА ТИ УКРАЛЕ БАГЕР И СО НЕГО ТИ ЗАМИНАЛЕ НА АЕРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ БЛИЗУ ГОРНО СЕЛО СО ЦЕЛ ДА СИ ЈА ЗАВРШАТ СВОЈАТА МИСИЈА. НЕЗНАМ И ИСКРЕНО ОСТАНАВ ВО НЕДОУМИЦА ЗОШТО ПОКРАЈ БАГЕРОТ НЕ УКРАЛЕ И БУЛДУЖЕР, ПА РАБОТАТА ДА ЈА ЗАВРШАТ БРЗО ЕФИКАСНО И КВАЛИТЕТНО. ВО ЕДНО ВРЕМЕ НЕ МНОГУ ПОСАКУВАНО И НЕ МНОГУ ПОПУЛАРНО, ЗА ВРЕМЕ НА ГРУЕВИЗМОТ, ТАКА БАРЕМ  ГО ВИКАВМЕ, ЛУЃЕ  ,,СКАПАА“ ПО ЗАТВОРИ ЗА АРТЕФАКТИ ЗА МОНЕТИ И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ КОИ ГИ БАРАЛЕ СО СПЕЦИЈАЛНИ ДЕТЕКТОРИ. МЕЃУТОА, ГИ КОПАЛЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНО  И ПРЕЦИЗНО СО СООДВЕТЕН АЛАТ. НЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАШТИТИ КУЛТУРНОТО И НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО НА МАКЕДОНИЈА. НЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДГОВАРА ЗА ТАКВИ КРАЖБИ И ЗА ОБЕЗВРЕДНУВАЊЕ НА АРХЕОЛОШКИТО БОГАТСТВО. АМА ДА СЕ УКРАДИ БАГЕР И СО НЕГО ДА СЕ КОПА ВО АРЕХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ Е НАВИСТИНА ЕПТЕН ЗАМИНАТА РАБОТА. А ЗА ТОА ДО КОЕ НИВО НИ СТИГНА  ДРЖАВИЧКАВА – НЕ САКАМ НИ ДА ПОМИСЛАМ!!!

 

Би можело да ве интересира

Вера, надеж, лубов, мудрост – Дали човештвото се „подготвува“ за самоуништување?!

Елизабета Филипоска

Тутунарите (земјоделците) молчат гласно!

Гордана Цветаноска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе