18 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

СЕ СОЗДАВА НОВО МЕСТО ЗА ДЕТСКА ИГРА И ЗАБАВА

Прилеп добива уште едно современо катче наменето за најмладите. Во нас. Типски, во непосредна близина на стадионот со вештачка трева, во завршна фаза е изградбата на ново детско игралиште.
Во детското игралиште  се предвидени неколку содржини кои би биле корисни и интересни за децата:   лулашки, лизгалки, гумена спортска подлога за трчање, клупи за одмор, површина со песок, осветлување и зелени површини, стои во проектната табла.
Продолжуваме посветено да инвестираме во проекти кои го подобруваат секојдневието на граѓаните, создаваат подобри услови за развој на децата и придонесуваат за уреден, модерен и квалитетен урбан простор“ напиша Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп на неговарта официјална ФБ страна.
Проектот детско игралиште во нас, Типски чини близу 4 милиони денари и се реализира преку Министерството за спорт, во рамките на повикот за директна помош на општините од Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Како Прилеп ќе го одбележува 3ти Ноември, Денот на ослободувањето?

За старт на учебната година првачињата добија подароци во Крушево

Од утре нема одење во шума! Ќе следат казни!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе