18 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, бензините минимално поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 3,84 проценти во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година.

Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари по литар, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.

Во пресметката е вклучено и намалувањето на акцизите за два денара по литар кај дизелот и бензините.

Од полноќ, односно од 00:01 часот на 2 јуни, ќе важат следните максимални малопродажни цени:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 88 денари за литар

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 денари за литар

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 87,50 денари за литар

Мазут М-1 НС – 47,906 денари за килограм

Цената на мазутот е намалена за 3,238 денари по килограм.

Би можело да ве интересира

Кризниот штаб очекува упатства за постапување со сајбер заканите

Во тешка сообраќајка кај Прилеп загина возач

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе