11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Комуналците информираа: Исчистена е реката!

По обилните дождови и нанесениот отпад,  ЈКП Комуналец и Опшна Прилеп  информира дека со максимален ангажман на ЈКП „Комуналец“ и континуирана работа од 9 јуни денеска е ичистен  потег на  речното корито во долниот тек на реката.

“Подигнати се 2000м3 отпад и транспортирани до депонијата, Алинци. Канализирано е речното корито на долниот дел од реката, каде на дел од реката постои камено корито и водата веќе го има својот тек“- посочил, при разгледување на состојбата со градноачалникот на Прилеп, дир. на ЈКП Комуналец, Рубин Абрашоски.

„Грижата за животната средина и за околината која што не опкружува претставува обврска на сите нас. Завршуваме со чистењето на речното корито на Градската река, од мостот кај населбата Димо Наредникот, до железничкиот мост“ –  истакнал,  градоначалникот Борче Јовчески.

Долниот тек на  градската река, по обилните дождови кои го зафатија Прилеп на 18/19 мај, преставуваше вистинска депонија. Загрижени, граѓаните бараа итна интервнција од настанатата еко состојба.

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп спроведена обука на негувателките од градинките во регионот

Пела Редакција

Дарко Неданоски во мисија за рушење на два рекорда за 24 часа

Пела Редакција

Внимателно! Неисправна вода од неколку јавни чешми во населени места

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе