8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Пожарот кај Рилево зема замав и се движи кон Сливје и Зрзе

Три пожари се сеуште активни во општина Долнени,  каде што сè уште горат два крака кај селото Зрзе, еден кон селото Ралево, а втор кон селото Сливје. Активен на ова подрачје и пожарот на потегот од село Костинци кон селото Зрзе.

Како што информираат од ЦУК, зафатена е сува трева, ниска вегетација и деградирана шума.

Пожарот кој вчера започна во атарот на с. Кошино се движи кон атарот на с. Рилево и с. Сливје и Зрзе. Во текот на вечерните часови постоеше опасност по куќите од с. Рилево, но благодарение на пожарникарите од ТППЕ Прилеп опасноста е надмината. За жал, пожарот повторно покажува тенденција на ширење.
Утрово се изврши хеликоптерско извидување. По завршувањето на мисијата во Бељаковце ер тракторите ќе се пренасочат кон Рилево, информираат од Центарот за управување со кризи.

 

 

Би можело да ве интересира

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

Пела Редакција

Кои се можностите за финансирање од ЕУ – работилница во Прилеп

Гордана Цветаноска

Прилепска пиварница – квалитет кој се граничи со перфекција

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе