11.9 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Во Струмица, Победа против Беласица без тројцата казнети играчи

Утре, сабота, од 15 часот на стадионот „Младост“ во Струмица се игра дерби на петтото коло од Втората македонска фудбалска лига меѓу домаќините Беласица и Победа. Прилепскиот второлигаш ќе настапува без свои тројца играчи од одбраната Стефан Спиркоски и Христијан Кукески кои се казнети да не настапуваат на 3, а голманот Антонио Столевски на 4 натпревари. Црвените картони им беа доделени на играчите на Победа на дуелот дома со кочанското Осогово (1:0).

Победа по четвртото коло е во средината од табелата на Втората македонска лига со 7 бодови, а Беласица има шест, со евентуален позитивен исход ќе може да фати приклучок со екипите на водечките позиции.

Табела: Беса и Кожуф 12, Пелистер и Детонит 10, Башкими 9, Победа 7,  Беласица и Новаци 6, Охрид и Скопје 4, Арсими, Караорман, Тетекс и Вардар (Н) 3,Саса 1, Осогово 0.

Би можело да ве интересира

Се враќа редовниот начин на исплата на пензиите, на 1ви во месецот

Пела Редакција

Комеморација за Илија Велкоски – Ѕаната од прилепските социјалдемократи

Гордана Цветаноска

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе