7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Протест на привремено ангажираните во прилепската болница

Во кругот на прилепската болница денеска привремено ангажираните лица медицински и технички персонал одржаа протест. Бараат под итно да се реши нивниот статус, бидејќи од почетокот на годинава тие работат, а немаат ниту договори на дело. Доколку не се реши ова нивно барање тие ќе протестираат пред Министерството за финансиии во Скопје. Апелот е упатен до дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова, која наводно треба да се потпише согласноста:

– Од медиумите дознаваме дека согласноста за договори на дело и согласноста за нашето вработување со редовен работен однос  се во фиоката кај дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Елена Петрова, односно дека со врзани потписи, без нејзин потпис  не може. Министерке апел до Вас: денес ослободете го процесот за нашето вработување, посочи Благоја Јагуриноски, возач во Итна помош.

Привремено ангажираните велат дека ги извршуваат работните задачи како и вработените. Некои работат и по 7 години.

-Работам три години со договор. Вклучена сум во смени, ноќни и денски дежурства. Моментално сме без никаков статус и без никаков договор. Правно не сме заштитени да ги одржуваме ноќните и денските дежурства, вели Снежана Илиеска, медицинска сестра во гинеколошко-акушерското одделение.

Менаџментот на болницата ја дава целосната поддршка на персоналот:

-Им даваме целосна поддршка на нашите вработени кои  кои моментно немаат никаков статус во оваа институција . Тие секојдневно и несебично  до овој момент ги извршуваат своите работни задачи. Како институција ЈЗУ Општа болница со проширена дејност  ги има запазено сите рокови. До надлежните институции  поднесени се сите барања, сите табели и останатите пропратни документи. Донесена  е одлука на Влада и момент на техничка влада. Апел до министерката Елена Петрова, да се одважи и да го ослободи започнатиот процес  за вработување на овие луѓе.  Луѓе,  кои секојдневно  помагаат на прилепчани и на жителите од соседните општини. Болницата без овие луѓе не може, застанува, нема кадар. Тие се распределени  насекаде во болницата, на одделенијата како доктори, медицински сестри, возачи… Министерке, да го надминеме партиското и да се водиме од совеста и човечноста. Вие денес одлучувате за судбината на овие луѓе, а верувам дека има има уште многу низ болниците ширум државата, изјави Кети Смилеска, директорка на Општа болница – Прилеп.

Независниот синдикат на болницата ги поддржува привремено ангажираните:

– Во целост ги поддржувам протестите на ангажираните со договор на дело. Апелирам до сите институции да не се манипулира со чувствата и маките на вработените. Единствен начин на кој може да се реши проблемот е носењето закон за трајна трансформација, во овие два дена. Ги повикувам пратениците итно да донесат закон за трансформација – вели Дејан Јованоски, претседател на Независниот синдикат на јавна администрација при ЈЗО Општа болница-Прилеп.

Привремено ангажираните лекари, медицински сестри, болничари… кои во моментот немаат никаков статус, околу 120 лица бидејќи немаат потпишано ниту договори на дело, најавија дека доколку не им се излезе во пресрет ќе запрат со работа.

Би можело да ве интересира

Филмот „Бизнисот на задоволството“ од утре ќе се прикажува во Прилеп

Пела Редакција

Победа торпедирана во Прилеп

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе