11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Регионалната стопанска комора Прилеп избра нов претседател

Регионалната стопанска комора Прилеп денеска одржа пленарна седница. По 5 години, досегашната претседателка Ирена Јакимовска, ќе ја врши функцијата на потпретседател на Регионалната комора, а на нејзино место доаѓа Никола Мариноски.

– Мојот мандат од 5 години завршува и поради приватни причини донесов одлука да преминам од претседател во потпретседател, од причини што мислам дека приоритет во мојот живот треба да биде она што е најбитно – семејството и фокусот на детето треба да ми биде најголем приоритет. Од причини што претседателската функција бара многу оперативно дневно работење. Мојата функција со задоволство му ја предавам на некого во кого имам доверба од самите почетоци бидејќи има кадар и способност да ја промовира комората уште на повисоко ниво и уште подобро од мене. Како потпретседател останувам визионер во креирањето на тие политики посочи Јакимовска.

Компаниите ќе се соочат со повеќе предизвици од претходно бидејќи 2024 та е изборна година, рече новиот претседател Никола Мариноски:

– За оние компании кои соработуваат со државата ова ќе биде потешка година. Ние како комора и стопанственици се надеваме дека оние заклучоци кои ги донесовме на форумот и оние потреби кои ги има стопанството ќе пробаме во овој предизборен период да ги доставиме до политичките партии и да ги инкорпорираат во нивните програми и овој Пелагонски регион кој е најголем по допринос во бруто домашниот производ по Скопскиот регион сметаме дека подобро ќе се развива. Сметаме на соработка со општината во делот на изработка на детални урбанистички планови, а ќе побараме изработка на нов Генерален урбанистички план рече Мариноски.

Инаку Регионалната стопанска комора Прилеп е збратимена со 17 други комори.

На денешната седница се одржа и презентација на новиот финансиски инструмент – Зелен финансиски инструмент за финансирање на мали и средни претпријатија.

Би можело да ве интересира

Проданоски: Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии

Пела Редакција

Прилепските пожарникари спасиле осумчлено семејство, меѓу кои и три деца

Над 8 милиони евра ќе распределат акционерите на Мермерен Комбинат АД Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе