16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Kaj Штавица приведен подметувач на пожар

Вчера, понеделник, (05.08.2024 )во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар . Околу 09.00  часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.  Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.
Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност“, информираат од СВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

По петти пат, капење во Плетвар по повод Водици (ВИДЕО)

Ромите протестираат-блокиран сообраќајот на излезот од Прилеп кон Плетвар

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе