5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Возрасни 29 повратници од странство добија сертификат за завршено основно образование

На 29 повратници од странство, денска, им беа доделни сертификати за комплетирано основното образование и ИТ вештини,  проект на УНДП, кои се одвивашео во Оптшина Прилеп во ООУ „Добре Јованоски“.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, Македонија не може да се пофали со висока бројка или целосна инклузија на сите луѓе во образовниот систем. Овој проект, оцени таа, е голема можност да се унапредат состојбите.

Ние имаме помала инклузија во однос на ЕУ и во предучилишното образование, но имаме и луѓе кои не го завршиле основното, а не го завршиле ни средното образование затоа што од разни причини не биле вклучени во образовниот систем. Еве, се отселиле во странство, не се приклучиле на образовниот систем, да не ги образложувам причините. Поентата е што ние сега како држава треба да им овозможиме и им овозможуваме, тоа е значајно и тоа го регулираме и во законот за образование на возрасни да добијат тие што можат, според годините, формално образование, тие што не, да добијат неформално и формално образование за да може да се вклучат на пазарот на трудот, изјави Јаневска.

“Проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан„,  во соработка со ООУ „Добре Јованоски„ и УНДП, нам, како локална заедница ни е приоритет за ефикасна реинтеграција на повратниците од земјите на ЕУ и нивна можност во обезбедување на основна материјална, социјална и економска сигурност. Ова особено се покажува како важно за овие социјално ранливи  групи кои се дел од нашата заедници, каде образованието и неговото дооформување е долгогодишен проблем. Програмата е исклучителна важна за повратниците и нивните семејства, пред се’ за нивното економско и социјално интегрирање во пошироката заедница.“- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

Преставникот од УНДП Армен Григорјан, кое е постојан претставник на УНДП во Македонија, при оваа прилика рече: “Размислуваме да го продолжиме овој проект и во наредната година“

Според податоците од ООУ Добре Јованоски кое е  единствено училиште во Македонија што работи на овој процес, над 50 лица повратници чекаат да ја добијат можноста за дооформување на основното образование ,додека во Прилеп според Агенцијата за вработување, околу 5000 лица сеуште немаат основно образование.

Во Прилеп минатата година основното образование го оформиле 22 возрасни, а годинава сертификатите ги добија 29 граѓани, повратници во земјава.

Би можело да ве интересира

Се креира програма за работа со надарени деца во градинките

Гордана Цветаноска

Каде се запишаа прилепските и крушевските полуматуранти?!

Елизабета Филипоска

Спас за Прилеп им понуди алтернативни решенија на Бехтел и Енка, ќе има ли решение?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе