7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанката Мила Србиноска светски јуниорски шампион во хип-хоп и стрит денс

Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи.

Настапот на Србиновска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „Уан веј“.

Во саботата, публиката можеше да го проследи официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 и да сведочи на спектакл кој не се опишува. Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи, создавајќи спектакуларно шоу на движење, ритам и креативност. Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое изведе незаборавен перформанс на народни игри и ора од Македонија.

Би можело да ве интересира

ОТКРИЕН СПОМЕНИК НА ТОШЕ ВО НОВА ГРАДИШКА

Елизабета Филипоска

(Видео) Министерот Борко Ристовски: Универзална сала до есен ќе функционира, а министерството ќе служи како пријател на сите спортови и спортски работници

Пела Редакција

Заврши гласањето на двојните избори – навремено се затворија гласачките места во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе