17.3 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Вечерва започнува Макфест. Кој ќе го претставува Прилеп?

Вечерва и утревечер, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, ќе се одржи триесет и деветтото издание на реномираниот музички фестивал на забавни мелодии Макфест.

На пресконференцијата  одржана денеска,  се обрати градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, а за деталите во врска со ова издание говореше уметничкиот директор Роберт Саздов.

Саздов информираше дека  првата фестивалска вечер ќе биде со натпреварувачки карактер, а втората вечер ќе биде ревијална, и на неа ќе настапат неколку етаблирани изведувачи.

  • Како и минатите години, така и оваа се потрудивме во ревијалниот дел да имаме што повеќе звучни имиња. Вечерва во натпреварувачкиот дел ќе настапат тринаесет учесници. Не се сите дебитанти. Некои од нив веќе имаат некаква музичка кариера, меѓутоа сметавме дека не се доволно афирмирани и дека заслужуваат повеќе. Како што обично се случува, некои од нив ќе имаат повеќедецениска кариера, а некои за неколку години ќе отидат во некој сосема друг правец. Меѓутоа нашата искрена желба е што повеќе од учесниците на Макфест , да останат што подолго во музиката, да имаат голем придонес во македонската естрада и еден ден да бидат и дел ор организацијата на Макфест-рече уметничкиот директор Роберт Саздов.

Продуцентот Александар Арсовски информираше дека изведувачите ќе бидат придружувани од оркестар во живо, а директен телевизиски пренос на фестивалот ќе изврши Македонската радио телевизија.

Јован Јованов како член на уметничкиот совет на Макфест ги соопшти имињата на учесниците, и извести дека  за најдобрите изведувачи ќе одлучуваат гласовите на публиката и на стручното жири.

Според нашите сознанија Прилеп ќе го претстават тројца млади изведувачи и тоа Александра Трајческа, Јана Мирческa и Сергеј Поповски.

 

 

Би можело да ве интересира

„Јас и моите пријатели “, изложба на Трендафиловски во Цепенков

Пела Редакција

Автоконторл изработува кодирани клучеви за сите возила

Елизабета Филипоска

Исчезна возрасно лице од Прилеп – семејството бара помош !

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе