10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Октетот Прилеп со концерт одбележува три децении постоење

„Не  стој Доне, Донке“, „Те видов и се заљубив“, „Пусти мерак Ратке“, „Добро утро Прилепе мој“, „Серенада“ се само дел од песните кои низ децениите ги изведувал Октет Прилеп кој вечерва со концерт во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе одбележи триесет години работа.

Специјални гости на концертот се македонскиот победник на шоуто „Никогаш не е доцна“, пејачот Сашо Башески, професорката и пејачка Белинда Ристеска и пејачката Викторија Георгиеска.

Концертот ќе започне во 19.00 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Октетот Прилеп работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“ и со години ја негува староградската песна. Досега има издадено неколку албуми.

Би можело да ве интересира

Новогодишни наградни конкурси за основците

Гордана Цветаноска

Се зголемува бројот на новозаразени, во Прилеп 6 од 36 тестови

Гордана Цветаноска

Весело, разиграно, распеано – концерт одржа КУД „Мирче Ацев“ на отворено пред Цепенков

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе