Таа е празнична магија – новогодишната елка создава чуство на радост и е симбол на новогодишните празници. Прилеп веќе ја доби новогодишната елка, украсувањето на градот во централното градско подрачје, а новогодишната маѓија ја надополнуваат и излозите на дуќаните, кои со новгодишните украси “сакаат да создадат„ амбиент на задоволство, радост и среќа кај минувачите.
Доволно или недеволно, вие ќе оцените! Но, факт е дека во последно време, сезоната на празници се чини дека станува „поширока“ на календарот, и подготовите за празничната маѓија наречена Нова Година и Божиќ започнуваат порани. А, местот на елката е исклучителни важно, бидејќи токму таа го најавува празнувањето – дочекот на новата година и испрајќање на старата, со која секогаш доаѓа, надежда – дека новата година ќе биде подобра од старата
Се уште е рано да се зборува за новогодишната прослава и каква маѓија ќе им понуди Прилеп на своите граѓани за прослава на новогодишното празнување на плоштад, но чуството за празнување никогаш не е рано и исклучиво е важно насмевката да се врати на лицата на луѓето ,а подготовките за празнување, го можат тоа!