Токму денес, на големиот празник „Св. Никола“, патрон на градот Прилеп, во прилепско Небрегово е роден великанот Блаже Конески.
Академик Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, поет, прозаист, есеист, книжевен истoричар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје и е еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик. Во продолжение, со вас почитувани читатели на нашиот портал и слушатели на мултимедијалниот медиум Радио Пела, ја споделуваме песната „Свети Никола“ од Блаже Конески. Честит празник!
СВЕТИ НИКОЛАБлаже Конески
Свети Никола златенпак сè си принесе што треба.Го пречекавме и со посна сарма,и со грав и со риби на кромид.Не е како некогашкога спроти празникот ќе изнадојдеасега покојнитеи ќе седнеа околу трпезата.Се почнуваше со леблебии,расол и сторени пиперки,мезе за домашната ракија.По вечерата идат комињакоти скажувањата.Потоа гостите легнуваакој каде се нашол.Ордан, тетин ти, Бог да го прости,нели беше пцалт,ќе запееше во сонот:„Господи, помилуј!“И потоа тивнуваше ноќта.
Тоа што минало – минало.Ама сепак, сполај му,еве нè живи со Господ напреди се плоди нашето племе.