20.1 C
Прилеп
четврток, 17 април, 2025
Пела Радио

Наградени најдобрите средношколски лични творби

Вечерва, во градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп, Клубот на литературните творци-Прилеп,  одржа настан на кој им беа врачени медалите, дипломите и книгите на средношколците чии поетски и прозни ракописи, беа оценети како најдобри на традиционалниот конкурс што го распишува Клубот, по повод „Св. Никола“-патронот на Прилеп.

Клубот, за сите учесници и ментори кои учествувале на конкурсот обезбеди благодарници и книги.

Како и секоја година, на овој конкурс пристигнуваат помалку прозни од поетски ракописи, па затоа ги замолувам менторите да ги поттикнат нивните ученици да создаваат и прозни творби-рече претседателакта на Клубот, Андриана Ристеска. 

Комисијата во состав Тони Павлески, Верче Искова и Дана Тембелевска, одлучи, да ги награди следните ученици и ментори за најдобри поетски творби:

 ПРВО МЕСТО Леона Аврамоска песна ,,Медена“ СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко“ Ментор: Елена Ковилоска ВТОРО МЕСТО Теодора Тунеска песна ,, Што ако останам во тишината“ СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, Ментор: Елена Дамјановска Марија Илијоска песна ,, Гласот на бесконечноста“ СОУ ,,Орде Чопела“ Ментор: Лидија Тошеска ТРЕТО МЕСТО Даниел Главчев песна ,,Доведете ја“ СОУ ,,Ѓорче Петров“ Ментор:Билјана Тинтоска

Комисијата во состав Весна Шереметкоска, Филип Димкоски и Миленко Тодески, одлучи да ги награди следните ученици и ментори ѕа проѕни творби:

 

ПРВО МЕСТО Исидора Николоска- III година СОУ „Ѓорче Петров“ Ментор: Билјана Тинтоска ВТОРО МЕСТО Лаура Кајџаноска II година СОУ Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп Ментор: Филип Ристески ТРЕТО МЕСТО Андреа Петреска СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп Ментор: Лидија Тошеска

Ф.Д.

Би можело да ве интересира

Здружението Преродба во хуманитарна акција за Марко

Пела Редакција

Ристески: Очекуваме над 800 производи да бидат дел од „Новогодишната кошница“(ВИДЕО)

Пела Редакција

По претресите во Прилеп, прибраната документација за Болницата се анализира

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе