24.1 C
Прилеп
четврток, 11 јуни, 2026
Пела Радио

Над 30 здруженија на средба во Велес, се планираат програмите за развој

На иницијатива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска во Велес, се одржа работна средба со повеќе од 30 здруженија. Целта на средбата била разгледување на предлог-програмите за субвенционирање за 2025 година. Според Министерството, на дневен ред на средбата биле двете програми: за директни плаќања и  за рурален развој. Во  наредните денови биле планирани и други состаноци со останатите чинители во земјоделскиот сектор.

-„Темата на овој состанок е заедно со земјоделските здруженија да креираме програми коишто ќе значат поттикнување и враќање на земјоделското производство во Република Македонија. Ќе работиме заедно за да донесеме програми што ќе значат развој на македонското земјоделство. Ова што го правиме како активност е отворање на вратите на Министерството во вистинска смисла на зборот, се со цел заеднички и партнерски да работиме во секторот,“ истакнува министерот Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Прекин во водоснабдувањето на ул. Димитрија Чуповски

Започнува раниот тутунски откуп

(ВИДЕО)Франкофонски настан во Прилеп: Француската култура младите ја негуваат и почитуваат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе