Учебната 2025/2026 година денеска официјално заврши за околу 6.000 основци во десетте основни училишта во Прилеп. Заедно со нив, на летен распуст заминуваат и околу 3.000 прилепски средношколци.
Матурантите околу 750 веќе ја завршија наставата на 15 мај, а утре (11 јуни) ги очекува полагање на задолжителниот екстерен испит од државната матура.
Прилепските полуматуранти околу 630, в петок (12 јуни) го започнуваат првото пријавување за упис во петте средни училишта во градот.
Официјалниот летен распуст за сите ученици ќе трае до 31 август.

