24.3 C
Прилеп
сабота, 6 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Младата, Михаела Пурдеска, со својата прва авторска песна, го покажа својот раскошен музички талент, љубовта кон музиката, своја музичка убавина и универзалност во изведувањето на музичките нумери. За неа песната е песна, грлато, точно испеана со љубов, емоции и душа. Дисциплината, трудот и посветеноста се нејзините основни аdуди кон патот на успехот – што и се потврдува.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На Cattaro ten, Меѓународен фестивал на млади изведувачи од 14 до 19 години, нашиот музички прилепски бисер, Михaела Пурдесkа, ја испеа својата прва авторска песната ,, Два чудни светови“ и ја освои награда „најдобра композиција“. Тоа од нејзиното грло звучеше токму вака:

 

Композцијата  “Два чудни света“ е поп-рок, чии текстот е на Валентин Соклески, а музика и аранжман на Борче Шабаноски.

 

 

Инаку, Михаела Пурдеска е само едно обично убаво младо девојче, осмоодделенка, добра ученичка, кое има желба, како и секој млад човек, да го види Париз и сака луѓето да уживаат во нејзината музика. Дисциплината, трудот, посветеноста и вербата во себе се нејзиниот пат кон успехот, се разбира со поддршка на луѓето кои ја сакаат, нејзините родители. Таа се стреми да порасне во врвен уметник со желба, еден ден да настапува на меѓународната сцена. А, секое искуство, како фестивалот за млади Cattaro ten, ја носи токму во тој правец – да го освои светот.

На Cattaro ten, Меѓународниот фестивал на млади изведувачи од 14 до 19 години, во Котор, Црна Гора, учествуваа 12 млади пејачи, од 8 европски држави. Целта на фестивалот е в замена дружба на млади талентирани пејачи од регионот, споделување на искуствата и согледувања на музичките достигнувања нa млади не афирмирани пејачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Витаминка прва во прехранбениот сектор во Македонија воведува напреден ЕСГ систем на одржливост

Љупчо Перканоски постхумно доби признание за трајни вредности од Сојузот на здруженија на дијабетичари

Жена тешко повредена во сообраќајка во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе