7.4 C
Прилеп
четврток, 27 февруари, 2025
Пела Радио

Важни се и учениците од населените места – нова спортска сала во подрачно училиште на ООУ Климент Охридски во с.Мажучиште

Во подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во с. Мажучиште  направена е комплетна реконструција  со нови подови, нова дограма и нова спортска сала. Во подрачното училиште во с. Мажучиште учат 12 ученици од прво до петто одделение,  во две паралелки, комбинирана настава.
Но, надлежните велат дека малиот број ученици, не треба да биде пречка за создавање  услови за квалитетно образование. “Бидејќи секое дете има право на квалитетена настава“- вели дирекотрот на ООУ Ахил Јаков

Со овие инвестиции обезбедуваме поквалитетни услови за учење и развој на нашите ученици. Децата се нашата иднина, и секој вложен денар во нивното образование е инвестиција во подобро утре. Заедно со директорот на училиштето го посетивме ова подрачно училиште и учениците кои се инспирација за нашата посветеност и работа. Локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите основни и средни училишта во општината. Заедно ќе изградиме силна и успешна млада генерација која ќе биде пример и гордост за Прилеп.“ напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на својот ФБ профил, по посетата на подрачното основно училиште на ООУ Климент Охридски во с. Мажучиште

А, директорот на ООУ Климент Охридски,  Ахил Јаков не го криеше задоволството поради реконструкцијата на ова подрачно училиште кое е составен дел од неговата образована институција, и на својот ФБ профил напиша:

„Запомнете, учениците од с.Мажучиште се важен дел од нашето училиште, без разлика каде учат. Нивниот труд и посветеност се основа на нашите идни успеси. ‘

Во подрачното училиште во с. Мажучиште учат 12 ученици од прво до петто одделение,  во две паралелки, комбинирана настава.

Би можело да ве интересира

Јовчески: Асфалтираме улици, градиме водоводи – динамиката на реализација на проекти во Прилеп е на највисоко ниво

Пела Редакција

Комуналец започна со пролетно чистење на дивите депонии

Прекини на водоснабдувањето во Прилеп и во повеќе крушевски населени места

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе