21.7 C
Прилеп
петок, 14 март, 2025
Пела Радио

Саботно пладне со книгата за деца „Илина и шумските тролови“ во „Марко Цепенков“

Утре (15) март, од 12.00 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“, децата и нивните родители во Прилеп, ќе имаат уникатна моност за пријатна дружба со книгата „Илина и шумските тролови“ во присуство на авторката Хана Корнети. Присутните ќе имаат можност директно да поразговараат со авторката на книгата. Промоторка на книгата ќе биде Наташа Атананасова.

Замислете девојче кое има 11 години, а разбира можеби и повеќе од повеќето големи. И тоа девојче, замислете, раскажува толку заразно што без да трепнете чекате да видите каде ќе отиде и што ќе направи. Дали ќе замине на село со мајка ѝ иако е недела и е ден за корнфлекс и излежување, дали ќе го најдат селото Бабин Заб, дали вистина ама баш вистина запознава шумски трол кој се вика Папрат и кој му доаѓа како нејзина тролско-откачена верзија? И дали приказната на Папрат е за верување и авантурата на Илина за впуштање во неа и со неа…“ -пишува Атанасова во освртот кон книгата. 

Книгата „Илина и шумските тролови“ има неконвенционална и забавна нарација која ги руши некои од вкоренетите стереотипни модели за литературата за деца, модерен и често жаргонски израз, кои ја прават многу поблиска и поприемчива за детската читателска публика.

Ова е петти настан  кој се одржува во рамки на промотивно-едукативниот циклус „Процеп во процес“. Модератор на настанот ќе биде Александар Еленин.

 

 

а

 

 

Би можело да ве интересира

Сопругата на Деркоски стана сопственик на еден од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција

Пела Редакција

„Франкенштајн“, „Едвард Втори“ и „Демонот од Дебар Маало“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

Пела Редакција

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Камен дол, на патот Росоман – Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе