25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Испитниот сообраќаен центар продолжува со работа

Испитниот центар за возачки испити во Битола и околните општини во понеделник (22.09.2025) ќе продолжи со работа.

Во соопштението објавено на веб сајтот на „Супер возач“ ДООЕЛ Битола стои следното соопштение:

-АМИЦ Супер Возач Битола од 22.09.2025 (Понеделник), започнува со спроведување на претходно одложените возачки испити. Кандидатите чии испити беа одложени ќе бидат лично контактирани за новите термини за полагање и истовремено истите ќе бидат објавени и на интернет страницата на АМИЦ Супер Возач Битола. Информација за прием на нови кандидати за возачи ќе биде објавена на интернет страницата на АМИЦ Супер Возач Битола.

МВР привремено го затвори испитниот центар во Битола на 12 август годинава иако му даде лиценца за работа во мај. Причина за привремената забрана било не поседување соодветна документација за потребниот стручен кадар и возила, а фирмата не водела и уредна еведенција. Битолскиот сообраќаен испитен центар „Супер возач“, во кои полагаат и кандидати од Прилеп, тогаш доби забрана за работа од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Ништо не се случи, па мариовците, пак, утре на протести за патот

Здружение „Избрани од бога“ : Државата нема слух за лицата со посебни потреби!

Крушево бара изведувачи за сериозни урбанистички и градежни зафати

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе