1.8 C
Прилеп
среда, 19 март, 2025
Пела Радио

Приведени тројца крадци од Прилеп, одземеното, вратено на сопствениците.

Вчера при претрес на нивните домови, фатени крадци кои краделе накит.

Имено, на 18.03.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.

Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Полициски билтен: Kражба во дом- пожар во простории од болницата „Борка Талески“ 

Пела Редакција

Полициска храника: Мотоциклист тешко повреден, пронајдена дрога кај затвореник …

На прилепчанка измамници и’ украдоа 6 илјади евра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе