16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Општина Прилеп се вклучува во еко-акцијата „Генералка Викенд 2025“

Општина Прилеп и оваа година се приклучува на националната акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025“ која што ќе се одржи утре петок, 9 ти мај. Планирано е акцијата да започне од 9 часот и 30 минути кај Вештачкото езеро Прилеп. По тој повод Општина Прилеп упати повик до сите кои се во можност со својот личен придонес да се вклучат за почиста, здрава и еколошка средина:

Почитувани сограѓани,
и оваа година Општина Прилеп се приклучува на националната акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025“!
Оваа година чистиме на 9 мај (петок). Се среќаваме во 09:30 часот кај Вештачкото езеро Прилеп.
 Ве повикуваме сите кои сте во можност да се вклучите и заедно да ја исчистиме нашата околина.
 Да дадеме личен придонес за почиста природа и поздрава животна средина!
 Да се извалкаме за Прилеп да биде почист, стои во објавата на социјалната мрежа Фејсбук

Најголемата годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска акција од граѓаните за граѓаните) ќе се реализира по петти пат претстојниот викенд започнувајќи од утре, петок, 9ти мај.

Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина. Над 20.000 волонтери ќе се вклучат во еколошките акции на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјава, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, локални и урбани заедници, градинки, училишта, факултети, волонтери и национални паркови.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (44)

Пела Редакција

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците-во новиот состав,четворица од Прилеп

Доделени над 500 хектари државно земјоделско земјиште на прилепските земјоделци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе