15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Падна плочата од споменикот на Кузман Јосифоски – Питу, написот одамна избришан од времето, а тој позеленет

Падна една од плочите од постаментот на споменикот на Кузман Јосифоски-Питу во центарот на градот. Дали од силниот ветар, кој во саботата вечерта дуваше во прилепско или човечки фактор е предизвикувач на оштетувањето, тешко може да се утврди. Но, постаментот остана без една од мермерните плочи.

На постаментот од споменикот, на еден од најголемите македонски борци за слобода на Македонија од НОБ, идеолог и организатор на антифашистичката борба на македонскиот народ, одликуван со највисоко одликување на државата “Народен  херој„  тешко може да се  прочита и натписот на името на херојот, чии букви одамна избледеле.

Споменикот на Кузман  ( на авторот Жарко Башески -добитник на 3-то Ноемвриска награда за живото дело ) се наоѓа и во недостојна состојба за една од најзначајните личности од поновата историја на македонскиот народ – позеленет и речиси непрепознатлив.

Во изминативе години јавноста покренуваше прашањето за состојбата во која се наоѓаат спомениците и спомен обележјата, барајќи од надлежните грижата за нив  да биде поголема, зашто тие се одбележје на нашето постоење и историја.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Прилеп во новата година е девојче

Пела Редакција

Николовски: Ќе го решиме проблемот со канализационите мрежи во Мало и Големо Коњари

Вечер на староградска музика „Звуците на градот“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе