27.6 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепските ликовни уметници се претставуваат со Годишна изложба 2025

Во Ликовната галерија од НУЦК “Марко Цепенков” на 10 Октомври 2025 , петок, од 18.30 часот ќе биде отворена годишната изложба на ДЛУП за 2025 година. Изложбата е дел од програмата на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам, и е дел од програмата по повод празнокот 11-ти Октомври. Во Ликовната галерија  изложбата ќе биде отворена 10 дена.

-Годинава својата креативност ќе ја изразат 13 уметници, членови на ДЛУП, кои ќе се претставаат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем – вели Маја Ралева Миладиновски од ДЛУП. На изложбата ќе бидат изложени дела од Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски, Емил Солески, Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Геговски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен концерт од младите прилепски ѕвезди за набавка на опрема во прилепското неонатолошко одделение

Пела Редакција

Прилеп Водици 2026: Пријавени над 500 лица за учество на традиционалното полагање на светиот крст

Нови давачки во новата година

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе