21 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп Водици 2026: Пријавени над 500 лица за учество на традиционалното полагање на светиот крст

Над 500 лица се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Прилеп и во прилепско на Богојавление – Водици. Централната манифестација ќе се одржи во Аква паркот Салида, а се очекува над 100 лица да земат учество на 19 ти јануари само на овој наста. Чинот на големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на Светиот Крст во водите на базенот при хотелот „Салида“, ќе се одржи во 12:00 часот. Пријавувањето на учесниците  за централниот настан започна на 9 ти јануари. Организатори се Општина Прилеп со православната црква во Прилеп.

И годинава традицијата за полагање на светиот крст во Плетварското езеро продолжува по шести пат. Настанот е уникатен и привлекува секоја година се’ повеќе гости и учесници. Наместо фрлање по светиот крст во водата, учесниците чекорат со осветениот крст во водите на езерото на одредено место обележано во форма на крст и при излегувањето го принесуваат, го предаваат, крстот на следниот пријавен. Ова традиционално осветување на водите во Плетварско езеро ќе се одржи со почеток од 11 часот.

Во прилепските населени места полагањето на светиот крст ќе се одржува во претпладневните часови на 19 ти јануари – Богојавление Водици, според најавите во 18 села и локации во општината.

Би можело да ве интересира

(Видео)Чудото од Ерусалим: Благодатниот оган се симна на Христовиот гроб!

Вечерва прва претстава од независна продукција на МТФ „Војдан Чернодрински“во официјалната конкуренција

(Видео) Исчезна 64 годишен жител од Крушево! Семејството бара помош!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе