14.9 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

Реакција на ОО СДСМ: министерот Борко Ристовски денеска се врати на местото на „злосторот“ во Прилеп

По денешната посета на министерот за спорт Борко Ристовски на Прилеп, ОО на СДСМ со низа обвинувања за неисполнетите ветувања во врска со реконструкција на Универзалната сала и финансиската поддршка за спортот во Прилеп за разлика од други општини. Писмената реакција ја пренесуваме во целост:

Без и малку срам, министерот Борко Ристовски денеска се врати на местото на “злосторот“. Пред точно 15 месеци, истиот тој Борко бесрамно ги излажа прилепчани дека Универзална сала ќе биде ставена во функција во септември. Помина ланскиот септември, помина и годинешниот септември, вратите на Универзална се закатанчени поцврсто од било кога! И наместо да побара објаснување зошто салата сеуште е надвор од употреба, покажувајќи сервилност и отсуство на елементарна самопочит, кандидатот на ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски го премолчи и го погази интересот на прилепските спортисти и спортски клубови. Дополнително, за понижувањето да биде уште поголемо, Проданоски му дозволи на Борко Ристовски да се „потури со пепел“ и по принципот пу-пу не важи да кажи ново ветување: сега ќе ги реновирал игралиштата и детските реквизити во Точила! Од реконструкција на Универзална, министерот падна на замена на старите нишалки со нови! Срамен, недостоен и понижувачки однос на Ристовски, Проданоски и ДПМНЕ кон Прилеп и прилепчани! Ако Прилеп е тргнат од списокот на општини во кои Министерството за спорт финансиски би го помогнало решавањето на сериозни проблеми, тоа не е случај со општините раководени од ударните тупаници на ВЛЕН – Тетово и Чаир. Како што кажуваат и фотографиите, дружбата на Борко Ристовски со Билал Касами и Висар Ганиу, е на многу повисоко ниво, во секоја смисла! Господа од ДПМНЕ, господине Проданоски, Борко Ристовски повторно ве пренесе жедни преку вода! И вас, а за жал, и прилепчани,“ стои во писмената реакција на ОО на СДСМ Прилеп!

 

Би можело да ве интересира

Приведен прилепчанец, возел со 1,79 промили алкохол во крвта

Пела Редакција

Микросам на најголемиот американски саем за современи композити – CAMX 2022!

ОО на СДСМ: Прилепската Гимназија преминува во објект со висок степен на енергетска ефикасност

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе