23.5 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

В недела 1341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следи локалните избори

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари.

Барање за 30 набљудувачи, како што информира од ДИК, имало од амбасадата на САД во Скопје. Турската државна телевизија имала барање за двајца новинари, Здружение вејк ап дополнување од 51 набљудувач, Национален ромски центар и Сојузот национален совет за родова рамноправност дополнување барале дополнување на барањата со по еден набљудувач.

Акредитираните набљудувачи ќе добијат овластувања и беџови за идентификација кои задолжително треба да ги носат со себе при посета на избирачките места. Секој овластен акредитиран набљудувач мора да го почитува кодексот за правилата за набљудување на изборите и изборната постапка донесен од ДИК.

ДИК ги  разгледа и приговорите поднесени од гласачи, одбиени од општинските изборни комисии, по барање за гласање во домашни услови како болни и немоќни лица. Дел од барањата биле прифатени, а дел одбиени како неосновани.

Би можело да ве интересира

Македонија чекор пред сите во светот – Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород

Николоски: на Пендаровски ќе му помогнеме да се исели од Македонија, но прво да одговара за злоделата

Јада најдобар на третиот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе