20.5 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

МВР во целост ја гарантира безбедноста на граѓаните во спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“ 

Министерството за внатрешни работи информира дека в недела, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе има полициско присуство со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.

„Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално-технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање соодветни мерки и активности во случај на инциденти“, наведуваат од МВР и додаваат дека во пресрет на изборите се преземаат сите потребни мерки за непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

Министерството апелира граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници, повикувајќи ги на воздржаност од какви било активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес. Додаваат дека во текот на изборниот ден МВР ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес.

 

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

(ВИДЕО) Агро совети за спас на реколтата тутун и градинарски култури

Селото Пресил очекува канализација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе