30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Селото Пресил очекува канализација

Ќе се гради канализација во населено место Пресил, Општина Крушево, со  средства од Европска инвестициона банка,.  Советот на општина Крушево донесе одлука за аплицирање до Министерството за транспорт и врски, за проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, и очекува дека наскоро Општинта ќе добие средства за ова активност.

„Основниот проект за Пресил е готов и веднаш ќе аплицираме за средства до Министерството за транспорт и врски. Очекуваме да добиеме средства и веднаш да почнеме да работиме на каналзиацијата во Пресил, а во иднина да продолжиме со имплементација на вакви и слични проекти и во другите населени места, со поддршка на централната власт“,  изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Во Општина Крушево во тек е изградба на фекална канализација во с. Норово, а општината има предвидено проекти за канализации за уште во 8 населени места.

 

Би можело да ве интересира

Саботно пладне со книгата за деца „Илина и шумските тролови“ во „Марко Цепенков“

Тутунарите бараат решенија, трибините продолжуваат

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ, вечерва протестираше во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе