23.5 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Започна реконстукцијата на спортските игралишта во Точила

Започна реконструкцијата на мултифункционалните игралишта во Точила, каде е планирано и поставување на „фитнес зона“.

„Станува збор за проект финансиран и поддржан од Министерството за спорт“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој заедно со идниот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски беа на увид на градежните активности.

При посетата на Министерот за спорт, Борко Ристески, пред неколку дена, тој вети дека преку министерството ќе го спроведе проект за реконструкција на спортските игралишта во населбата Точила. И, еве, започнавме со реконструкцијата на трите спортски игралишта, кошаркарско, одбојкарско и фудбалско, како и детското игралиште и поставување а една фитнес зона во овој дел од градот. Ова ќе биде одличен простор каде што младите ќе имаат катче да рекреираат и спортуваат“, рече Јовчески, изразувајќи благодарност до Владата и надлежното министерството.

“Пред извесен период тука го имавме Министерот за спорт. Даде свое ветување дека ќе направи реконструкција на овој мини спортски комплекс во најголемата урбана населба во градот, Точила, и еве денеска со интензитет се започнати градежните активности на реконструкција на трите постоечки спортски игралишта и најава за изградба на фитнес простор и оваа урбана населба да добие нова димензија, а ќе продолжиме со хортикултурно уредување и доопремување на овој простор за да стане едно од најубавите места за спорт, одмор и рекреација“, истакна идниот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски.

Спортските игралишта кои се наоѓаат во паркот во Точила, една од најголемите станбени населби во градов, се изградени пред повеќе од една деценија и досега не биле обновени и реконструирани. Паркот во Точила 1 е на површина од 23 илјади метри квадратни и претставуваше еден од најубавите паркови во Прилеп.

Би можело да ве интересира

УЈП континуирано ќе врши контроли на терен на „Пиво-фестивал 2025“

Пела Редакција

Бесплатни прегледи и музичка забава в сабота во центарот на Прилеп

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(16)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе