16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

УЈП континуирано ќе врши контроли на терен на „Пиво-фестивал 2025“

Пред стартот на „Пиво-фестивал 2025“,( од 18 до 20 јули 2025 година,)  претставниците од Управата за јавни приходи (УЈП) реализираа едукативна работна средба со прилепските стопанствениците и со закупците на штандови кои ќе учествуваат на  манифестација.

На средбата на учесниците кои ќе вршат промет на добра и услуги им се укажа од потребата од  задолжително користење на  фискален апарат во доволен број, да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса и најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет кај носителот на платен промет задолжително да издаваат фискални сметки и на видно место да имаат истакнато соопштение со кое ги информираат купувачите за нивната обврска да бараат фискални сметки.

За физичките лица кои ќе вршат продажба на производи во периодот додека трае манифестацијата, потребно е да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП.

Управата за јавни приходи континуирано ќе врши контроли на терен. За стопанствениците кои нема да издаваат фискални сметки или нема да ги почитуваат законските обврски, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Закон. Со ваквите едукативни активности, УЈП ја продолжува својата заложба за унапредување на даночната култура, зајакнување на доброволното усогласување и градење партнерски однос со даночните обврзници.

Граѓаните доколку забележат непочитување на доначните обврски на оние кои ќе вршат промет на добра и услуги можат да се обрата до УЈП по е – пошта: [email protected] на фиксниот телефон: 0800 33 000 или на  мобилен: 02/3253200.

Би можело да ве интересира

КАДРОВСКИ ЗАСИЛУВАЊА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

По повод јубилејот Прилепска пиварница организира пошумување кај Селце

Пчеларите да внимаваат – ќе се прска против комарци во Општина Долнени

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе