19.6 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Изборната трка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН во Долнени продолжува до петок, кога започнува молкот

 

ДИК денеска го објави и прегледот на општините каде што нема поднесени тужби и каде гласањето е завршено, како и општините во кои ќе се одржи втор круг на изборите или прегласување на првиот поради немање доволно излезност на 19-ти октомври .Меѓу пелагониските општини во втор круг се бира граоначалник во Крушево  и Долнени.

Коалицијата ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ  ја водат битката за градоначалник во Оптшина Долнени, а во Крушево СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Во Долнени, Блерим Ислами од ВЛЕН Сашко Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ водат кампања, а со Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ и Томе Христоски од СДСМ се сеуште во изборна кампања во Крушево.

Според Изборниот законик кампањата за вториот круг од изборите завршува на 30 октомври на полноќ, а вториот круг на изборите е , в недела на 2 ноември.

Во вториот круг на гласање за градоначалник би бил избран кандидатот кој би добил поголем број гласови.

ДИК денеска ги објави конечните резултати од првиот круг од локалните избори . ДИК ќе ги објави резултатите за сите општини по завршувањето на постапката по тужбите поднесени пред Управниот суд. Со ова Прилеп и официјално го има новиот состав во Советот на Оптшина Прилеп и  Дејан Проданоски за градоначалник.

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ смета дека замислената реформа и новата концепција ќе му нанесе штета на образованието и децата

Која е граѓанската иницијатива што ќе учествува на локалните избори во Прилеп?

Реакција на Општина Прилеп: Oбјектот во „Сточен пазар“ нема технички прием

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе