18.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Трагичната сообраќајка во која две лица загинаа, се случила при претекнување

Две лица загубија живот, а петмина се повредени при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, појаснија синоќа од Јавното обвинителство, во однос на сообраќајната несреќа во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман:

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во несреќата две лица го загубија животот, меѓу кои и возачот на едниот автомобил, додека петмина се повредени, информираа од Обвинителството.

Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите.

-Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата, соопштија од Обвинителството.
Извор и фото: МИА

Би можело да ве интересира

Пет новозаболени од корона вирус во Прилеп, бројот на активни случаи се зголемува

Во Битола, Крушево и Охрид највисока снежна покривка

ОТКРИЕНИ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ КАЈ МАРКОВИ КУЛИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП V-ти И ПЕРСЕЈ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе