23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија, дружење, моменти за незаборав

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” ја имаше својата магична вечер. Една несекојдневна, посебна, поетска галаксија која едноставно те тера да не ги штедиш дланките, а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатлив начин пред присутните ги презентираа Филип Димкоска и Лина Димоска, од оваа година,  носители на здружението ЗОКУМ. Сите стихови, целата таа емоција го преплави секој љубител на читаниот збор, но и на оние кои не можеа да одолеат на „голтката црвено вино” која кажува се’, на „слатката закуска” која само ја надополнуваше позитивната енергија кај секого. Се’ започна со „умилкувањето” , преку  „крилата на љубовта” и „тајната на постоењето” продолжи со „љубовното востание” и „заљубувањето по трет пат“, за да ова вечерашно љубење со стихови кулминира со „таа фамозна Барбара”. Дефинитивно оваа манифестација треба да се доживее , зашто сигурно на крајот душата е исполнета. Во  продолжение, екслузивно за Радио Пела , погледнете еден сегмент од оваа прекрасна атмосфера.

Би можело да ве интересира

Донација од Дрекслмајер за Прилеп-специјално возило за превоз на лица со попреченост

Пела Редакција

Концерт на Женскиот камерен хор „Керамија“ во фоајето на Цепенков

„Најчесто вода нема, а кога ќе дојде е заматена и жолта“, велат жители од Тополчани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе