20.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Концерт на Женскиот камерен хор „Керамија“ во фоајето на Цепенков

По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/  во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од С.Мокрањац, Д.Бортњански, Nectarios of Aegina, Ola Gjeilo и други значајни композитори.

Женскиот камерен хор „Керамија“ е формиран на 11.01.2023 година во Прилеп, по иницијатива и под диригентската палка на Катерина Попоска. Хорот е составен од професионални музичари и аматери – ентузијасти и љубители на хорската уметност.

Во изминатиот период, постепено, но сигурно, се афирмира како значаен чинител во хорското пеење, придонесувајќи за развој на нова и современа хорска пракса во градот под Марковите кули. „Керамија“ на повеќе наврати успешно реализираше проекти во кои беше домаќин на хорови од други градови во Македонија. Хорот има остварено успешни и наградувани настапи на натпревари, како и бројни ревијални концерти низ земјата.

Моментално, хорот брои девет членки. Ане Гембеш Чесноска, Оливера Цветаноска, Катерина Талеска, Ангела Иваноска, Билјана Црвенкоска, Катерина Ангелеска-Димеска, Фросина Вандевска, Ивана Љоческа и Катерина Попоска хорист, уметнички директор, диригент.

Би можело да ве интересира

(Видео -Фото)Крушево: Фестивалот на храната и културата започна успешно

Момче (17 г) се загушило со плин – Најцрна недела во Прилеп

Откупната цена на тутунот започна да се зголемува за првата класа (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе