23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Можност граѓаните активно да учестуваат во креирање на буџетот на Општината за 2026

Граѓаните денеска, 19 ноември,  во 18,оо часот во собраниската сала на Општина Прилеп ќе можат да учествуваат на јавната консултативна средба за изработка на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Оваа средба претставува одлична можност  граѓаните отворено да ги изнесе своите предлози, идеи и приоритети со цел заеднички да се обликува буџет на Општина Прилеп кој ќе ги одразува реалните потреби, предизвици и очекувања на локалната заедница.

Во рамки на процесот се предвидени повеќе средби и консултации, на кои активно ќе бидат вклучени претставници од месните заедници, институциите, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите заинтересирани граѓани.

Вашето мислење е од особена важност. Ве охрабруваме да бидете дел од овој отворен, инклузивен и транспарентен процес, потенцираат од локалната самоуправа на Општина Прилеп, кои се надеваат на поголемо присуство и учество на граѓаните во овој процес.

Би можело да ве интересира

Пожар избил покрај патот Битола – Прилеп – од полицијата апелираат да не се палат стрништа

Пела Редакција

Се конституира Советот на Општина Новаци и веднаш започана со работа

Пари: Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте најголеми компании во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе