20.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Пари: Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте најголеми компании во Прилеп

Во Прилеп 44% работата во индустријата, останатите во локалната еконоија. Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте компании – најголеми работодавачи ( Гентерм, Мермер, Витаминка…. ) Нивните колективи минатата година броеле 6.623 лица што, пак, е околу 44 насто од сите вработени во градот, пишува  pari.com.mk чии целот текст можете да го прочитате:

ТУКА

Движечката сила на прилепската економија лани ја претставувале 15.134 лица, официјално вработени во 2.538 трговски друштва. Зад себе оставиле приход од над 843 милиони евра и добивка од близу 58 милиони евра, остварувања од кои корист имаат работодавачите, локалната самоуправа и државата.

Прилеп има меѓу 65 и 70 илјади жители (69.025 според Пописот од 2021 година). Ако се оди по тие бројки, секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте компании – најголеми работодавачи. Нивните колективи минатата година броеле 6.623 лица што, пак, е околу 44 насто од сите вработени во градот. Попрецизни информации има во извештаите за сработеното во 2025 година, што ги доставиле повеќе од 2.500 фирми. Со други зборови, концентрацијата на работните места е во индустриските системи, а остатокот од локалната економија функционира со значително помали капацитети.

Мотор на работната сила останува Гентерм, иако „врти“ со намалена енергија. За една година бројот на вработените опаднал за речиси една петтина….

МЕРМЕРОТ И ТУТУНОТ СЕ НАЈПРОФИТАБИЛНИ

Заедничката добивка на најпрофитабилните десет прилепски компании бележи раст од 8,5 насто, при што е постигнат износ од 30,6 милиони евра. Конкретно, генерираат 53 насто од добивката на споменатите повеќе од 2.500 фирми, велат од поралот, pari.com.mk чии целата содржина можете да ја прочитате: 

ТУКА

Би можело да ве интересира

Откупната цена на тутунот започна да се зголемува за првата класа (ВИДЕО)

„Комуналците“ се пофалија со чистењето на Градската река

Последната група од 222 работници замина од Тутунски Комбинат Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе