Две сообраќајки во еден ден на прилепските улици кои завршија со тешки телесни повреди. Еден од повредените е малолетник кој управувал со мопед:
- „На 15.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(84) удрило во 53-годишната Р.Ј., двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Ј., констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
- На 15.12.2025 во 13:25 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп,“ стои во полицискиот билтен на МВР.

