15.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Вонредна седница на Советот и бурни дискусии по првата, од двете точки на дневен ред

Претседателот на Советот на Општина Прилеп свика вонредна седница на Советот на Општина Прилеп. На дневен ред на седницата која иаше само две точки се најде „предлот – заклучокот по информацијата за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија на територијата на Општина Прилеп.“  по поднесено барање на советниците од СДСМ од Прилеп за свикување вонредна седница на Советот на Општина Прилеп, со единствена точка на дневен ред: „Информација за можноста за згрижување на одбиените баратели на азил од Велика Британија во општина Прилеп„ 

Вонредна Седница на Совет на Општина Прилеп .ЛИНК

По два и пол часа дисусија, советниците речиси сите до еден, даваа своите тези; искажуваа од говорницата мислења и ставови, даваа предлози, имаа свои заклучоци, со што дискусиите преминуваа и надвор од советничкте ингеренции, во делот на владините политики, надворешната политика на државата итн, за од време на време, да се сведат на локално ниво,  па,  повторно,  секој еден што повќе да ја искажа загриженоста за безбедноста на Прилеп и за граѓаните на Прилеп, по ова прашање.

Овие тврдења не се засноваат на никакви реални информации, ниту пак постои било каква одлука, иницијатива или план од страна на локалната или централната власт што би ги потврдила ваквите наводи.“-, истакна јавно од говорницата Претседателката на Советот на Општина Прилеп, Билјана Кржеска.

Од работата на Советот произлегоа и два нови предлози по ова прашања, но за време на гласњето не наидоа на поддршка кај советниците.

На крајот, по ова  прашање, “Предлот – заклучокот по информацијата за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија на територијата на Општина Прилеп“, совениците со 18 гласови “ЗА” го донесоа следниот ЗАКЛУЧОК:
1. СЕ ОСУДУВА лажната кампања и манипулативното дејствување на опозициски политички субјекти, преку кои во јавноста се пласираат невистини и инсинуации за наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови на територијата на општините.
2. СЕ КОНСТАТИРА дека ваквите дезинформации се шират свесно и континуирано, со цел создавање паника и чувство на несигурност кај граѓаните, што директно ја нарушува стабилноста и спокојството во локалните заедници.
3. СЕ ПОТВРДУВА дека на територијата на oпштина Прилеп нема, ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или какви било трајни форми на сместување мигранти.
4. СЕ УТВРДУВА дека со овие заклучоци се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови, и се потврдува јасна и непроменлива политика против нелегалната миграција, во интерес на безбедноста на граѓаните.
5. СЕ ИЗРАЗУВА поддршка на политиките на Владата насочени кон спречување на нелегалната миграција, заштита на државниот суверенитет и обезбедување стабилност и безбедност во локалните заедници.
6. СЕ ИСТАКНУВА дека меѓуетничките односи, стабилноста, толеранцијата и меѓусебното почитување се темелни вредности на локалната заедница и дека секое неодговорно политичко дејствување кое може да ги наруши овие односи претставува сериозна закана за општествената кохезија.
7. СЕ ПОВИКУВААТ сите политички субјекти, јавни функционери и јавни чинители да покажат одговорност во јавниот говор, да ги почитуваат фактите и да се воздржат од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат страв, тензии и нарушување на јавниот ред во општината.
8. ОВОЈ ЗАКЛУЧОК претставува јасна порака до граѓаните дека Советот на Општина Прилеп стои цврсто во заштита на нивната безбедност, мирниот живот и стабилноста на нашата локална заедница.
9. Со цел целосна транспарентност и навремено информирање на јавноста, овој заклучок ќе биде објавен на официјалната интернет страница на општината, како и преку останатите официјални канали за комуникација на општината, заради целосно и точно запознавање на граѓаните со нивната содржина и со ставовите на Советот.

 Предлот – заклучокот по информацијата за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија на територијата на Општина Прилеп.

Совениците од опозицијата не гласаа по оваа точка и ја напуштија седницата.

Со овие заклучоци, Советот беше нагласено дека испраќа јасна порака за тоа дека на територијата на општината нема, ниту било, ниту ќе има воспоставување мигрантски кампови или трајни форми на сместување мигранти. „Истовремено, се става крај на сите шпекулации и лажни сценарија што се користат за дневнополитички цели, на штета на граѓаните и локалната стабилност.“ се вели во образложението.

Советниците едногласно ја изгласаа и втората предлог одлука, која беше на дневен ред на 5-тата вонредна Седница на Советот на Општина Прилеп со кој асоветниците дадоа согласност за  прифаќање на донација на детски новогодишни пакетчиња од компанијата КАМ ДОО.

Би можело да ве интересира

Прилепчанката Мила Србиноска светски јуниорски шампион во хип-хоп и стрит денс

Крушево продолжува со асфалатирањето на патиштата – Министерот за траснспорт и врски потврди дека интензивно се гради на патиштата

На денешен ден загинаа за Македонија Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Орце Николов

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе