7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Крушево продолжува со асфалатирањето на патиштата – Министерот за траснспорт и врски потврди дека интензивно се гради на патиштата

Викендов во општина Крушево  се интензивираа работите за асфалтирање на патот до Крушевско Езеро и се спроведува акција за чистење. Асфалтирањето на патот започна во 2019 година, но заради временските услови по кратка пауза повторно се работи на овој проект. Општина Крушево напоменува дека активностите мора да продолжат и покрај кризата со коронавирусот, но со крајно почитување на мерките и препораките.

„Денеска продолжија активностите и уредување пред асфалтирање на пристапниот пат од крајот на шеталиштето на „Гумење“ и до Крушевското езеро. изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Градежната оператива во Крушево работите и околу асфалтирањето на патот Крушево – Пуста Река, проект финансиран и имплементиран од Јавното претпријатие за државни патишта.

Во контекст на ова и Министерот за транспорт и врски денеска најави дека градежните активности продолжуваат и покрај коронавирустот.

„Имаме добра реализација на капиталните инвестиции во ресорот транспорт. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови”, изјави на денешната прес-конференција, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески .

Тој додаде дека се интензивно се работи на изградба на експресните патишта и рехабилитација на преку триесетина регионални и магистрални патни правци.

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, пак, зборуваше до каде е изградбата на патиштата оценувајќи дека првиот квартал од годинава бил успешен.

„Градбите продолжуваат со несмалено темпо и покрај вонредната состојба. Одговорно тврдам дека нема да има кратење на капиталните инвестиции кои се однесуваат на инфраструктурните проекти“,

рече Китанов.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, прес-конференцијата на Сугарески и Китанов ја нарекоа гол популизам и очаен обид за подигање на рејтингот на СДСМ.

„Владата на СДСМ ја бележи најлошата реализација на буџетски средства по основ капитални инвестиции. Просекот на реализација на капиталните инвестиции за изминатите три години владеење на СДСМ е под 70 проценти. Ова значи дека Владата парите на граѓаните наместо да ги инвестира во капитални проекти ги трошела расипнички за криминални тендери и грантови задоволувајќи ги интересите на криминалната банда на чело со Заев“

реагираа од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Тутунска надеж: заштитната опрема е репроматеријал, а не „друг приход“!

Гордана Цветаноска

Инспекцијата на терен, а резултатот непознат за „белата вода“ во Прилепското езеро

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе