21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

За новогодишната ноќ се очекува снег и ниски температури под нулата

Новогодишната ноќ и првиот ден од новата 2026 година (1 Јануари 2026 четврток) ќе ни донесе многу ладно време а тоа значи дека ќе бидеме под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе предизвика да дува засилен ветер од северен правец, велат метеролозите.

Врнежите  од снег  ќе бидат пообилни  во западните предели од Македонија. Освен на повисоките места  и на планините, помала снежна покривка ќе се формира  и во повеќето градови од Македонија  и тоа особено во западните предели.

Од понеделник следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следнава седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени,информираат од ЦУК – Прилеп

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Уште поладно утро ќе ни донесе денот понеделник, 29ти декември кога наутро температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека на високите места и на планините тие има услови да се спуштат и под -10 степени.

Би можело да ве интересира

Одбележани 62 години од смртта на Ченто, опозицијата обвинува за лицемерие на власта

(видео+фото) Радост донесоа и го најавија Христовото раѓање – Бадниковите поворки во Прилеп со над 300 дечиња

Ромите протестираат-блокиран сообраќајот на излезот од Прилеп кон Плетвар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе