23.9 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Најважно ни е да направиме две/три соби да се прибереме заедно, како што си бевме

Таа кобна ноќ, среќа е што не ги совладал сонот, биле будни и се наоѓале во помошната просторија веднаш до куќата. Не биле свесни дека пожарот се шири се додека соседот не им кажал дека нешто гори. Осумчлената фамилија која наскоро ќе добие уште еден најмлад член сега живее раздвоено кај роднини и пријатели. Се сомневаат дека пожарот започнал од дотраената електрична инсталација. Денес се’ е срушено, дворот е празен…„Среќа што не спиевме и ние ќе изгоревме заедно со покуќнината и тутунот. Најважно ни е да направиме две/три соби да се прибереме заедно, како што си бевме,“вели Благадушоска.

До пред 10 тина денови никој од семејството на Јане Благадушоски од село Воѓани не претпоставуваше дека ќе останат без дом и се’ што печалеле, куќата, покуќнината, тутунот ќе го уништат пламените јазици во една вечер на 16 ти декември. Деновиве донации пристигнуваат од сограѓаните, од фирми, од институции, а се организираа и тутунарите индивидуално и преку Сојузот на тутунски здруженија. Претседателот на Сојузот Кире Ристески посочи дека организацијата ќе му донира средства на семејството со цел што побрзо да ги надминат овие тешки денови:

Радио Пела наредниот ден веднаш по пожарот објави апел за донации

🙏Да помогнеме-семејство од Воѓани остана без дом💗

Трансакциска сметка за донации:

Име и презиме на примачот: Јане Благадушоски, с. Воѓани, ул. „Најдо Најдоски“ бр. 149

Број на трансакциска сметка: 270700006540756

Банка: Халк Банка АД Скопје

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници семејството се надева на помошта од хуманите луѓе и Општина Кривогаштани упати апел за донации:

Јавен апел за хуманитарна помош

Би можело да ве интересира

“Исчезнаа“ милиони денари од прилепската болница, утврди ДЗР

Пела Редакција

Хорот „Мали Ангели“ со новогодишен концерт!

Две момчиња тешко повредени кај Дебрешки мост, долненско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе