30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Две момчиња тешко повредени кај Дебрешки мост, долненско

Синоќа во полициската станица Прилеп била пријавена тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод кај „Дебрешки мост“, долненско. Момчето возач (18 г) поради сериозноста на повредите итно е пренесен на клиниките во Скопје, а  и сопатникот (16 г) се здобил со телесни повреди.

На 07.03.2025 година во 22.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален пат  Прилеп – Македонски Брод, кај местото викано „Дебрешки мост“, патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од  село Дебреште, прилепско, излетал со возилото од патот. Во несреќата Е.Е. се здобил со тешки телесни повреди, и поради сериозноста на повредите тој од Градската општа болница Прилеп, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди се здобил и неговиот 16-годишен сопатник од село Дебреште.  Известен бил надлежен ЈО и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.  

Би можело да ве интересира

Лукароска: Изградба на два кружни тека

Во Прилеп падна таван од куќа поради обилниoт дожд

Пела Редакција

Фатен прилепчанецот кој во Глуво, заедно со двајца, измачувале брачен пар и го убиле мажот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе