15.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Feniks Food House, куќа за храна – спој на младост и љубов кон татковината

Тие се млади, но искусни во својот занает. Тие се храбри и одлучни дека во татковината најдобро се остваруваат соништата. За неполна година од како си дојдоа од странство тие градат свој нов дом, а започнаа и свој бизнис за храна. Во Феникс Фуд хаус (Feniks Food House) се приготвуваат готвени јадења, брза храна и ќе се прават кетеринг услуги. На менито се домашни традиционални јадења, но и специјалитети кои се служат во ексклузивни ресторани, сендвичи и друга брза храна.

Двете сопственички Катарина и Николина своето искуство од работата во готварскиот занает во Шведска го пренесуваат дома, во Македонија, во Кривогаштани.

Како дошле до идејата? Едноставно, како што велат дека е едноставно приготвувањето на храната со љубов и задоволство, зашто тоа се најважните зачини за секое вкусно јадење, а впрочем и за успех во секој бизнис. Отворањето на  Феникс Фуд хаус (Feniks Food House) се одржа на 14 ти јануари, на големиот православен празник Василица, на првиот ден од новата 2026 та година по стариот календар. Нека е со среќа, нека е со успех работата на Куќата за храна Феникс

Минито за готвените јадења е познато ден од напред, а работат со нарачки за посебни прилики. Храната може да се порача на  телефоните 072 623 235 и 078 273 960

Би можело да ве интересира

Прилеп: починаа двајца, 89 новозаболени

Крушево и Пелагонија на дланка, за да ја „убиете корона мислата„ за момент

Од денеска нормализиран сообраќајот од Прилеп кон Плетвар по санацијата на Ленишкиот мост

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе