Вкупниот процент на наплата на даноци за 2025 година во Општина Прилеп е 60%, но сè уште голем број на физички и правни лица ги немаат подмирено своите обврски кон општината. Во Прилеп се 26 330 даночни обврзници, физички лица за данок на имот, 342 се правни лица, а околу 3 500 се правни лица кои се даночни обврзници за фирмарина. Сегашниот процент на наплата е блиску до другите градови, но не е на посакуваното ниво, велат од даночното одделние.
По основ на данок на имот за физички лица годишниот прихот е над 50 милиони денари, а за правни лица над 15 милиони денари. Додека за комунална такса – фирмарина, од активните 3.500 фирми од кои има општината годишен прихот од 15 милиони денари, наплатени се само 44%.

„Во моментов само 10.000 физички и 300 правни лица комплетно ги имаат подмирено своите даночни обврски. По основ на комунални такси фирмарина не наплатени се над 50 милиони денари, а половината од нив, околу 24 милиони денари, се не наплатени поради ликвидација или стечај на правните лица. Што се однесува до данокот на имот, не наплатени има 60 милиони денари, од кои 15 милиони денари се застерени“ вели Јованчо Шишкоски, раководител на одделението за администрирање на приходи при Општина Прилеп.

Комплетно, обврските за данок на имот ги имаат завршено над 10 000 даночни обврзници физички лица и над 300 правни лица. Според досегашното работење, општината има над 55 милиона денари вкупен приход по основ на даноци. Но, од изминатите години остануваат ненаплатени 60 милиона денари за данок на имот и околу 50 милиони денари по основ на комунална такса за фирмарина. Дел средства се застарени за наплата.
Поради ликвидност или стечај на фирмите, блокирана трансакциска сметка или немање средствана на банкарската сметка, наплатата на голем број фирми не е извршена, што се смета за застарен долг и неможност да се наплати. На новинарско прашање зошто се чекало да застари тој долг, Шишкоски одговори:
– Не се чекало да застарат, туку секогаш биле процесуирани и во минатата година, освен во периодот со корона вирусот, кога имавме забрана од Владата за извршување и таа забрана траеше година и пол и во тој период одделението не можеше да врши наплата– одговори тој.
Рокот за плаќае даноци е 15 дена по добивањето на решението. Општината ќе премине на опомена, доколку даночната обврска не биде подмирена, а крајната мерка е – присилна наплата. Од оваа година постои за брза и ефикасно подмирување на обврските на даночните обврзници данчното одделени воведе можност и за електронска наплата на доноци, преку апликација која се наоѓа на веб страната на Општина Прилеп, Е-Даноци.

